Издадена забрана за вршење здравствена дејност во Катлановска бања

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) донесе решение за забрана за вршење на здравствена дејност на Катлановска бања ДОО откако нивниот инспекциски надзор на 14 априп покажал дека анестезиoлог, ортопед и дефектолог кои не се државјани на Република Македонија работеле без дозвола од Министерството за здравство, а немале ни лиценци за работа издадени од Лекарската комора.
Ова денеска го истакна директорката на ДСЗИ, Ирина Сотирова Бухова, која рече дека во Катлановска бања се забранува медицинското лекување кое го покрива Фондот за здравствено осигурување, а се што е бањско лекување може да се одвива.
Појасни дека бањското лекување не влегува во измените на законот за здравствена заштита, може да го спроведува во Катлановска бања, но се забранува се што опфаќа здравствена дејност односно вршење специјалистички прегледи, прегледи во МојТермин..., се додека не обезбедат дозвола за нивно вршење.
- Пациентите кои се во моментот таму ќе останат до завршување на периодот кој им е одреден за лекување. Нема да има пореметување на третманот на пациентите кои се хоспитализирани таму. Забраната важи за примање нови пациенти, додаде директорката на ДСЗИ.
Инспекцискиот надзор од страна на ДСЗИ следел по анонимната дојава која ја добиле, а се однесувала на тоа дека во просториите на Катлановска бања ДОО сместено во просториите на Катлановски бањи во Петровец се вршат неовластени, по дојавата, сомнителни прегледи од страна на лица кои не се вработени во институцијата.
- Надзорот продолжува понатаму со барање со евидентирање на потребна документација која ја има правниот субјект врз кој се врши инспекцискиот надзор. Субјектот не ни даде на увид дозвола за вршење на здравствена дејност издадена од Министерството за здравство. ДСЗИ донесе решение за забрана за вршење на здравствена дејност се до моментот додека не ја обезбедат од службите во Министерството за здравство, додаде Сотирова Бухова
Ново на Сител
-

Доминација на КБК Шампион Скопје - сила во сите генерации
-

Трамп: Предоцна е за преговори со Иран
-

Димитриеска-Кочоска: Се следи состојбата на Блискиот Исток, ако треба да преземеме нешто, ќе биде во рамки на законите
-

Рекордна масовност на 1. Национално кикбокс првенство 2026 во Скопје – 441 натпреварувач од 29 клубови
-

Тошковски за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство, а сопругот бил апсен и имал криминално досие
-

Сиљановска-Давкова - Руте: Северна Македонија игра значајна улога во заштитата на безбедноста на Западен Балкан
-

Се работи на враќање на македонски граѓани од Израел, Обединети Арапски Емирати и Катар
-

Се проширува истрагата против дваесет и петгодишниот овчар од Старо Нагоричане
