Избувна пожар во најголемиот објект во поранешната касарна во Струмица

Попладнево пред 17:00 часот избувна пожар во најголемиот објект од поранешната касарна во Струмица. Густиот чад може да се забележи од далеку, а досега пожарот целосно го изгоре покривот на објектот.
Според граѓани, кои живеат во близина на поранешната касарна, пожарот избувнал пред 17:00 часот.
-Слушнав сирени од противпожарните и полициските возила и кога излегов видов дека гори најголемиот објект во касарната. Таму некогаш беа сместени повеќе стотина војници и се работи за навистина голем објект. Овој дел на касарната е препуштен на забот на времето и многу граѓани слободно се движат тука, рече Мошо Лазаревски.
Во гаснењето на пожарот учествуваат сите расположиви возила и сили на ТППЕ Струмица, а приодот кон објектот е целосно затворен од страна на полицијата.
На 25 март годинава во пожар во поранешната струмичка касарна изгоре објектот во кој беше сместена регионалната телевизија „ВИС“, а од пожарот големи штети претрпеа конфекциски погон и печатница.
Ново на Сител
-

Државните енергетски компании се подготвени за претстојната зима
-

Тероризам, киднапирања, оружје - тројца уапсени кои имаат поврзаност со ИСИС
-

Болестите на срцето водечка причина за смртност во Македонија
-

Насилство врз жените: Сериозни системски бариери до заштита и правда
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Владата е фокусирана на постепената интеграција паралелно со реформите за рамноправно членство во Унијата
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Шестмина уапсени под сомнение за тероризам
