Избрано логото на МД „Илинден“

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, пред одбележувањето на десетгодишнината од формирањето, го доби јубелејното лого.
Логото ќе се користи од први февруари 2017 до 6 февруари 2018 година во сите официјални документи и сите активности на друштвото.
- Победник со најмногу лајкови на профилот на фејсбук на Македонско друштво „Илинден” е предлогот на Мартин Бибовски од Скопје. Логото на Бибовски е во облик на округло лого во стил на монограм, со двете бои на знамето на Македонија. Во центарот е претставен обликот на споменикот „Македониум“ во Крушево, како симбол на празникот Илинден и во преден план е истакнато „10 години“ со сонцето од Кутлеш во нулата. На рабовите е испишано името на друштвото на македонски и албански јазик, изјави претседателот на дрштвото Никола Ѓурај.
Конкурсот за избор на логото беше објавен кон крајот на јули 2016, а бараше да ги одразува досегашните активности на МД „Илинден“. Од повеќето предлози, во финалниот избор влегоа два.
МД „Илинден“ е формирано на 6 февруари 2009 во Албанија, од група граѓани со македонско потекло што живеат во Тирана, но главно по потекло од областа Голо Брдо, со цел заштита на правата на македонското малцинство во Тирана и Голо Брдо.
- Заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет и наследство на Македонците во главниот град на Република Албанија и областа Голо Брдо, како и интеграцијата на Македонците во политичкиот систем и институциите на власта во оваа земја, се нашите главни определби, рече Ѓурѓај.
Ново на Сител
-

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-

Путин: Земјите од БРИКС произведоа повеќе од 40 отсто од светскиот БДП
-

ФИФА: Сè уште нема одлука каде ќе се игра финалето на СП2030
-

Трамп на комеморацијата за нападите од 11 септември 2001 година: Иран не смее да има нуклеарно оружје
-

АНБ со документарен филм за историјата, сегашноста и иднината на безбедносната Служба
-

Вучиќ соопшти дека ќе поднесе оставка на 25 или на 26 септември
-

Превозниците нема да протестираат в понеделник, ќе се бара решение со ЕУ
-

Приведен помошник директор во Царина за мито од 17.500 евра
