Изборот на главен ревизор утре повторно пред матичната собраниска Комисија

Претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата Илија Димовски за утре закажа продолженија на три седници, а на едната од нив повторно избор на главен ревизор.
Собраниски извори за МИА велат дека е постигнат договор меѓу претставниците на политичките партии кој ќе биде идниот ревизор и очекуваат тоа утре да се официјализира.
Последните изјави и од власта и од опозицијата минатата недела беа дека се залагаат за широк консензус за кандидат за главен државен ревизор.
Државната ревизија е блокирана повеќе месеци, а речиси две години е без главен ревизор.
На дневен ред на другите продолженија на Комисијата се и утврдување предлози за именување на директор и на заменик на директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, именување директор на Агенцијата за квалитет во високото образование, избор на директор и заменик директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци,
именување на член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија. Пред пратениците се и предлозите за именување членови на УО на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, Проверка на кандидатурите доставени по Одлуката за објавување јавен оглас за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како и избор на членови на Судскиот совет на Република Македонија, изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици-членови на Националниот совет за евроинтеграции, Продолжување на постапката по Одлуката за објавување на Јавен конкурс за избор на членови на Советот на ААВМУ и Продолжување на постапката по Одлуката за објавување на Јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио телевизија (МРТ).
Ново на Сител
-

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи
-

ФФМ ќе чека судска одлука за „случајот Башкими“
-

АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина
-

Николоски: Железничкото поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2031 година
-

Трамп упати остри закани до Техеран: Иран премногу одолговлекуваше во преговорите, сега ќе мора да плати
-

МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, релизирани 92 отсто од вкупните средства
-

Муцунски: Ни треба систем на меѓусебна доверба и да знаеме дека ќе нема дополнителни барања од Софија поврзани со историјата, идентитетот и јазикот
-

Приведени припадници на белградската Интервентна полиција, осомничени се дека спречиле процесуирање по пукање во ресторан
