Избори за двајца нови членови на Судскиот совет
Врховните и судиите од скопското апелационо подрачје денеска избираат двајца нови членови на Судскиот совет.
Судијата Наќе Георгиев од Врховниот суд е единствен кандидат од редовите на врховните судии, додека на кандидатската листа за скопското апелационо подрачје и од управните судови се двајца кандидати - судијата од Основниот суд Кавадарци, Лазар Нанев и Антонета Димовска, судија на Граѓанскиот суд Скопје.
На изборите право на глас имаат вкупно 236 судии, 16 врховни судии и 220 судии од скопското апелационо подрачје - Основниот граѓански суд Скопје, Основен кривичен суд Скопје и основните судови од Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Куманово, Крива Паланка и Кратово, како и судиите од Управниот и Вишиот управен суд.
Гласачките места ќе бидат отворени од 8:00 до 15:00 часот.
Изборите се за пополнување на местата, по оставките на врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова и на Зоран Герасимовски судија од скопска Апелација.
Советот е составен од 15 члена, од кои, осум члена на Советот ги избираат судиите од своите редови, петмина се избираат во Собранието, од кои двајца предлага Претседателот на државата, а по функција членови на Советот се и претседателот на Врховниот суд и министерот за правда.
Мандатот на избраните членови трае шест години со право на уште еден избор, додека на претседателот на Врховниот суд и на министерот за правда со престанок на функцијата им престанува и мандатот во Советот.
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски