Избори на пролет или во 2028-ма?
Опозициската СДСМ тврди дека власта планира предврмени избпори напролет и тоа поради политичката поврзаност на премиерот Мицкоски со политиките на српскиот премиер Вучиќ и унгарскиот Орбан, кои исто така за напролет планирале избори, како дел од нивните интерни тактики за одржување на власт.
„Во исто време објавува и лажни анкети за рејтингот на партиите. Само неколку часа претходно, во Србија, Вучиќ најавува избори...„Вчера“ започна реконструкцијата на Владата, на јавноста одамна позната како обично шминкање. Модел кој Вучиќ го користи со години. По реконструкцијата, со некакви чудни дополнителни објаснувања, следат најави за избори и нивно распишување“, коментираат од СДСМ.
Наспроти тврдењата на СДСМ, Мицкоски вчера брифираше дека доколку не дојде до некаква поголема политичка или општествена промена, следните избори ќе бидат редовните во 2028 година. И покрај високиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ на интерните анкети тој ја отфрли идејата за за предвремени парламентарни избори напролет бидејки 2026 е битна и за реформската агнеда, но и за макроекономска стабилност на државата.
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска и коментираат дека ако СДСМ и Филипче се сигурни во поддршката од граѓаните веднаш можат да поднесат барање во парламентот за распуштање на Собранието.
„Доколку СДС смета дека анкетите во кои тие се 4-5 партија во Македонија, не се точни и дека имаа поголема доверба од народот, нека повелат уште утре нека поднесат барање за предвремени парламентарни избори. Во тотална безидејност, со лоши соопштенија кои вештачка интелигенција им ги пишува, бидејќи очигледно вистинска интелигенција и да немаат на Бихачка, тонат во жива кал. СДС треба да се реформира од луѓето кои им ја водат партијата, на чело со Филипче, а во сенка на Заев“.
Додека јавно коментираат предвремемени избори, двете партии по локалните избори најавија внатрепартиски промени.
По извршентата анализа, Филипче во вторникот побара оставка од целиот Извршен одбор, потпретседателите и секретарите во партијата и најви нови кадри во врвот на СДСМ. Сепак, тој најви дека ќе задржи и дел од сегашните кадри, па така Александар Трајановски се уште го планира за потпретседател. Останатите партиски функионери се уште не се договорени.
Мицкоски пак, вчера брифираше дека планира пролетно партиско освежување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, но и реконструкција на владиниот кабиент што го води.
Анализата кој ќе остане во Извршниот комитет на партијата, дали ќе има партиски потпретседатели и кои, но и кои министри треба да заминат или пак, кои ресори треба да се променат ќе ги прави по утрешниот партискиот Конгрес, а процесот треба целосно да заврши кон крајот на март и почетокот на април.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
