Избегната голема трагедија: Откажала навигацијата на авионот во кој се превезувале кошаркарите на Жалгирис
Кошаркарите на Жалгирис од Каунас преживеале вистинска драма по мечот со Реал Мадрид во Евролигата кој Литванците го добија со резултат 93-96.
По полетувањето од аеродромот во Мадрид, на авионот „боинг737“ му откажала навигацијата на висина од 5000 метри по што пилотот не знаел со која брзина лета. Контролорите на летот го наведувале и го расчистиле воздушниот сообраќај за авионот да може да се врати на аеродромот.
Приземјувањето било успешно дури по третиот обид затоа што таа вечер шпанската престолнина ја погодило силно невреме.
Авионот морал да слета во воената база во Хетафе по драмата која траела 45 минути.
„Се траеше 45 минути, летавме во услови на опасност, а авионот одеднаш почна да паѓа. Слетавме по цел ужас и паника. Среќни сме што сме живи“ – рекла сопругата на играчот Брендон Дејвис.
Компанијата „Класјет“ која е сопственик на авионот тврди дека патниците не биле во опасност, но од литванскиот клуб велат дека не им било сеедно.
„Момците се среќни што успеаја да се вратат дома. Сега ни е смешно, но во воздух не беше, нималку“ рекол тренерт на Жалгирис, Шарунас Јасикевичиус.
Ново на Сител
-
Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот Вучевски на слобода
-
Инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова
-
ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада
-
Швајцарија победи на Евровизија
-
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради улична трка
-
Бајден: Прекин на огнот во Газа е можен уште утре, доколку Хамас ги ослободи заложниците
-
Рама денеска ќе одржи собир во Атина за Албанците кои живеат во Грција
-
Литванците денеска гласаат за претседател