Ивановски: Од спојувањето на Вип и ОНЕ се очекува бенефит

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски смета дека ќе има бенефит од спојувањето на двата мобилни оператора Вип и ОНЕ.
- Ако добро ги погледнете обврските кои ги наметнува Комисијата за заштита на конкуренција на новата фирма која ќе настане од спојувањето е дека мора да има минимум виртуелен оператор, а се надеваме дека ќе бидат два. Таа обврска ќе важи и за Македонски телеком и за Т-Мобиле. Веќе сме во преговори за и на нивна страна да има ушпте еден минимум виртуелен оператор. Со тоа Македонија ќе добие четири оператори, а не како што сега се три, изјави минситерот Ивановски одговрајќи на новинарски прашања по денешната промоција на проектот за воведување систем за автоматска локација на возила и систем за електронска наплата во автобусија на јавниот градски превоз.
Тој додаде дека од ова ќе има бенефит бидејќи мобилниот оператор ќе има регулирана цена.
- Виртуелниот мобилен оператор, појасни, ќе има регулирана големопродажна цена која ќе биде пониска од сегашните оператори и тоа ќе го направи Агенцијата за електронски комуникации откако ќе направи анализа на пазарот за кои се реалните трошоци со цел тој виртуелен оператор да егзистира и да биде конкурентен на пазарот.
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
