Спорт плус
5. May 2017 - 15:32

Ивановски очекува победа на полумаратонската трка

Наш фаворит на полумаратонската трка  која се трча в недела низ улиците на Скопје е  Дарко Ивановски:

„ Бев на подготовки во Белград еден месец, потоа три недели се подготвував во Бугарија во прекрасни услови, екстра се подготвив , направив рекорд во сала 8.28 исто така победив на белградскиот маратон, се чувствувам одлично и затоа очекувам победа на полумаратонската трка“ - изјави на денешната прес конференција во Град Скопје Ивановски.