Ивановски: Имаме желба за изградба на пругата кон Бугарија, но нема соодветен одговор од другата страна
Од македонска страна има желба и се преземаат конкретни активности за изградба на пругата од Коридорот 8 кон Бугарија, но нема соодветен одговор од другата страна, порача денеска директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски.
Во делот кон Албанија, како што посочи, има расположение од двете земји, но се чека насоката од УНЕСКО за делот кај Охридското Езеро.
-За Коридорот 10 даваме предност зашто може да има најголем економски бенефит за државата, бидејќи целата стока од грчките пристаништа кон Европа се превезува токму преку тој коридор. На Коридорот 8 веќе е завршена првата секција до Бељаковце, се работи на трасата од Бељаковце до Крива Паланка и има прогрес од околу 30 отсто, а третиот дел од Крива Паланка до граница со Бугарија се уште е предмет на дискусии, рече Ивановски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Нагласи дека во многуте средби што ги имал со Инфраструктура железница на Бугарија се усвоени ставови дека тунелот мора да биде пробиен само од една страна и на техничко ниво има решение кое им одговара на двете страни.
- Кога доаѓа политичкиот момент желбата изгледа постои само на една страна. Ние работиме на терен и веќе инвестираме сериозни средства за да се пробие пругата до Бугарија, додека во Бугарија за жал во овој момент нема градежни активности. Освен што треба да го пробијат тунелот од 1,5 километри треба да направат само 500 метри пруга до станицата Ѓуешево, а покрај тоа во лоша состојба е и пругата од Софија до Ѓуешево. Се додека ние работиме, а Бугарија не гради ништо и ги избегнува десетиците покани кои јас лично ги пратив за средба, сметам дека имаме неуспешна приказна за двете страни, рече Ивановски.
За делот од пругата кон Албанија посочи дека поголем проблем е насоката што се чека од УНЕСКО за Охридското Езеро за што заедно со Албанија користиме грант од еден милион евра за изнаоѓање техничко решение.
-Има заедничко партнерство меѓу двете држави и ќе го активираме пролетва. Ако се биде како што треба за пет до шест години од сега треба да имаме завршен основен проект и да може да се гради пругата од Кичево кон Струга, а потоа и од Струга кон Лин, рече Ивановски и додаде дека на Албанија во моментов приоритет и е изградба на пруга кон Црна Гора.
МЖ Инфраструктура, како што кажа во одговор на прашање, има негативен годишен финансиски извештај, но додаде дека не должат финансиски средства кон коминтенти. Загубата, потенцира, најмногу се должи поради големата ставка на амортизација.
Долгови немаме повеќе од 10 до 15 милиони денари како МЖ Инфраструктура спрема коминтенти и добавувачи и секој што соработуваме, прецизира Ивановски.
Ново на Сител
-
Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага
-
Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена
-
ЦУК: Активни три пожари, еден под контрола и еден изгаснат
-
FLEX CREDIT го зацврстува лидерството со рекордни резултати и 65 филијали низ Македонија
-
Мицкоски: Правиме гигантски чекори во економијата-раст на БДП меѓу 4 и 6 отсто во вториот квартал и историско зголемување на индустриското производство
-
Лишен од слобода битолчанец кај кого била пронајдена марихуана
-
Ѓорѓиевски: 2025 е најуспешната година за капитални инвестиции во историјата на Кисела Вода
-
Во кривопаланечкиот здравствен дом вработени нови 20 лица, од нив 7 лекари и 6 медицински сестри