Иванов во официјална посета на Чешката Република

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов престојува во дводневна официјална посета на Чешката Република.
Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, денеска во Прага со највисоки државни и воени почести ќе биде примен од претседателот на Чешката Република, Милош Земан. Предвидено е двајцата претседатели да одржат заедничка средба, по што двете официјални делегации ќе одржат пленарен состанок.
Во рамки на дводневната официјална посета на Чешката Република, претседателот Иванов ќе оствари средби со претседателот на Владата на Чешката Република, Андреј Бабиш, со претседателот на сенатот, Милан Штех и со претседателот на Пратеничкиот Дом, Радек Вондрачек.
Македонскиот претседател е придружуван од неговата сопруга, Маја Иванова, која во рамки на дамската програма, ќе го посети Националниот институт за аутизам – НАУТИС во Прага.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест пред Усје, граѓаните бараат итна дислокација
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
-

Преглед на вестите од светот
-

4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
-

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
