Иванов со сенатори на САД: Да се внимава на безбедносните аспекти на бегалската криза
За време на Минхенската безбедносна конференција претседателот Ѓорге Иванов денеска оствари средба со американскиот сенатор Џон Меккејн, на која присуствуваа и сенаторите Шелдон Вајтхаус, Даниел Коатс, Роберт Коркер, Том Котон, Џони Ернст, Давид Пердју, Бенџамин Сас, Дан Саливан и Џозеф Либерман, јави известувачот на МИА.
Сенаторите и конгресмените се интересирале за сите аспекти на бегалската и мигрантска криза, а посебно за безбедносните предизвици. Тие пројавиле интерес за тоа како се одвива размената на податоци помеѓу релевантните служби.
Претседателот Иванов ги информирал за случувањата, како и за преземените мерки и активности, истакнувајќи дека ситуацијата сo меѓудржавната соработка и размената на податоци е малку подобрена во однос на лани, но е далеку од потребната посебно при една криза од вакви размери.
Претседателот Иванов нагласил дека евроатлантската интеграција е врвен стратешки приоритет за Република Македонија и во таа насока се заблагодарил за американската поддршка за аспирациите на земјата за членство во НАТО, дополнувајќи дека нештата ќе беа многу поразлични доколку Македонија одамна го добиеше заслуженото членство во НАТО и ЕУ.
Сите присутни сенатори едногласно изразиле поддршка за Република Македонија за нејзините евроатлантски интеграции, и истакнале дека за САД Македонија е од исклучителна важност за стабилноста на регионот.
Ново на Сител
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле
-
Арагчи утре во Москва ќе се сретне со Путин
-
Три лица се претставувале како полициски служеници, па едниот од нив физички нападнал возач
-
Штипјанец под присила подигал брзи кредити, го продал својот мобилен телефон и крадел пари од својот татко
-
Министерството за здравство обезбеди 300 паркинг места во Лимак за вработените во Клинички
-
Македонската амбасада во Израел: Евакуација преку воздушен пат засега е невозможна
-
Гутереш: Американските напади врз три ирански нуклеарни објекти се опасна ескалација