Иванов се сретна со поранешниот словачки претседател Шустер

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска го прими поранешен претседател на Словачката Република, Рудолф Шустер.
Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, му честитал на Шустер за доделениот почесен докторат на Универзитетот „Св. Климент Охридски” во Битола.
Двајцата соговорници размениле мислења за севкупните билатерални односи, констатирајќи дека двете земји градат добри односи кои се базираат на меѓусебно разбирање и пријателство, континуиран политички дијалог, партнерска соработка во голем број области и длабоки културни врски.
Македонскиот претседател изразил очекување за продолжување на позитивната динамика во соработката и натамошно интензивирање на билатералниот политички дијалог на сите нивоа.
Во контекст на аспирациите на Република Македонија за членство во Европската унија и во НАТО, претседателот Иванов изразил очекување дека Словачка, како актуелен претседавач со Советот на ЕУ, ќе даде силна поддршка за неодложен почеток на пристапните преговори.
На средбата било изразено задоволство од позитивниот развој на економските односи меѓу двете земји и континуираниот раст во трговската размена.
Во однос на соработката во областа на културата и реализираните бројни заеднички активности, двајцата соговорници изразиле очекување за нејзино натамошно продлабочување.
Ново на Сител
-

Облачно со сончеви периоди, во источните делови дожд и грмежи, температурата до 18 степени
-

Астронаутите на мисијата на Месечината испратија фотографии од Земјата
-

Нови напади низ Блискиот Исток, додека Израел го таргетира Бејрут
-

Бруно Фернандеш играч на месецот во Премиер лигата
-

ЗОИ 2026 без допинг афера, прв пат по 28 години
-

По долго време се открива уште едно скриено богатство на Стоби - мозаик во Куќата на Партениј
-

Телефонски разговор Путин - Ердоган за судирите на Блискиот Исток
-

Природно од Преспа со Златко Левков | Неформално | Sitel Podcast 143
