Иванов: Ова е тажен ден за Македонија
Ова е тажен ден за Македонија, тажен ден за сите нас. Вакви настани да не ни се случуваат. Нека им е вечна слава, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов, во своето обраќање на комеморативната седница на општина Гостивар, по повод трагичната сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи на автопатот Скопје-Тетово.
-Се вели дека луѓето не умираат кога ќе ги погребат, туку кога ќе ги заборават. Да остане споменот за овие луѓе вечен, да се сеќаваме на нив, да ги спомнуваме, и на нивните најблиски да им помагаме овие тешки моменти да ги пребродат. Тешка е загубата, но уште потешко е ако вакви настани ни се повторуваат. Ова е поука да бидеме секој пат внимателни, рече претседателот Иванов.
„Овие луѓе кои ги изгубиле своите животи ги изгубиле своите соништа, ги изгубиле своите планови, ги изгубиле сите свои мечти, кои се стремеле да имаат добар и среќен живот. Нека биде поука да бидеме сплотени, да се почитуваме, и секој пат да си укажуваме на вакви моменти поддршка, затоа што животот е краток, многу брзо проаѓа. Нека биде животот исполнет со моменти на среќа и на радост, а не со тага. Уште еднаш изразувам најдлабоки сочувства до семејствата, до пријателите, до блиските, до општината, до државата. Ова е тажен ден за Македонија, тажен ден за сите нас. Вакви настани да не ни се случуваат. Нека им е вечна слава“, рече претседателот Иванов во обраќањето пред советот на општина Гостивар.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Правосудниот систем мора да биде по принципот на франка лингва, а тоа е македонскиот јазик
-

Мицкоски: Како редовен универзитетски професор, јас сум им пријател на студентите
-

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено
-

Големо поевтинување на горивата од полноќ - ова се новите цени
-

Маѓар: Приведен е братот на Виктор Орбан како осомничен за трговија со луѓе
-

По 10 години врска ја оставил – сега бара да ѝ плати 340.000 долари затоа што ѝ ги потрошил најдобрите години од животот
-

Нафтата поевтини откако Трамп изјави дека се малку веројатни нови напади врз Иран
-

СВР Штип апелира до граѓаните за внимателност од телефонски измами
