Иванов одржа предавање на Бразилскиот центар за меѓународни односи
Претседателот на Република Македонија, денеска во Рио де Жанеиро, одржа предавање на Бразилскиот центар за меѓународни односи, CEBRI, што претставува водечки бразилски тинк-тенк.
На предавањето на тема „Европската бегалска криза - научени лекции“, како што соопшти кабинетот на Иванов, присуствувале бројни бразилски дипломати, интелектуалци и претставници на медиумите.
Во делот на прашањата и одговорите присутните се интересирале за внатрешната политичка ситуација во Македонија, соживотот помеѓу различните заедници во Македонија и на Балканот, како и за справувањето со идните бегалски закани.
Македонскиот претседател, во рамки на официјалната посета на Бразил, беше примен од страна на претседателот на Бразил, Мишел Темер. Претседателот Иванов свечено ја отвори македонската амбасада во Бразилија, што претставува прва македонска амбасада во Латинска Америка, и оствари средби со бразилски парламентарци од Федералниот и Долниот дом на Националниот конгрес.
Со предавањето на Бразилски центар за меѓународни односи, Иванов ја заврши официјалната посета на Федеративна Република Бразил, што претставува прва официјална посета на претседател на Република Македонија на Латинска Америка.
Ново на Сител
-

Утре нов протест за дислокација на Усје, од цементарницата тврдат дека работат според Закон
-

Матичните гинеколози бараат од МЗ и ФЗО јасно дефинирање на услугите за пациентките кои ги покрива државата
-

Кратењето на буџетот за ретки болести може да го загрози животот на пациентите
-

Преглед на вестите од светот
-

Трендафилов: Нека се подготват за блокади идната недела
-

Околу 80 талентирани ученици од Струмица ќе бидат стипендирани во наредните девет месеци
-

Брана „Калиманци“ речиси полна, „Гратче“ на прелив
-

Преглед на вестите од светот
