Иванов: Очекувам на 11 декември едногласно да биде поздравена и признаена волјата на граѓаните

Претседателот Ѓорге Иванов ги повика граѓаните на 11 декември да излезат, да го остварат своето право на глас и да ја исполнат својата граѓанска должност.
- Повикувам да гласате по сопствено убедување и да ја дадете довербата на онаа политичка партија и опција за која верувате дека е најдобриот избор за вас и за Република Македонија, нагласи Иванов во денешната изјава.
Сите кои се вклучени во изборниот процес, претседателот Иванов ги повика да покажат достојно ниво на политичка култура и да го почитуваат Уставот и законите на Република Македонија.
- Ги повикувам надлежните институции задолжени за регуларноста на изборниот процес да дејствуваат согласно законските норми и правила. Да не подлежат на никакви притисоци и да немаат толеранција, ниту милост за оние, кои на каков било начин, ќе се обидат да го попречат, или нарушат изборниот процес, рече Иванов.
Како држава, посочи тој, не смееме да дозволиме да има ниту еден аргумент за оспорување и дискредитирање на изборниот процес.
- Во демократска атмосфера, како што доликува на една демократска земја, очекувам на 11 декември едногласно да биде поздравена и признаена волјата на граѓаните, која ќе го означи почетокот на крајот на политичката криза и ќе претставува почеток на национално помирување во Република Македонија, нагласи претседателот Ѓорге Иванов.
Ново на Сител
-

ОТА: Во 2025 прислушувани 259 комуникации, најголем број по барање на МВР
-

Идните амбасадори во Украина, Данска и Албанија ги презентираа приоритетите пред пратениците
-

Владата ги информира НАТО и ЕУ за студентските протести, СДСМ со контраобвинувања
-

Наместо расправа за заштита на жените од семејно насилство, во фокус законот за употреба на јазиците
-

ДЗР: Скринингот не е ефикасен - многу пациентки доцна дознаваат дека имаат рак
-

Забранета водата за пиење во осум охридски села
-

Преглед на вестите од светот
-

Втора сесија на стратешкиот дијалог во САД
