Иванов на вонредниот самит на претседатели на „Процесот Брдо – Бриони“

Глобалните безбедносни предизвици, мирот и безбедноста во регионот и проширувањето на Европската унија и НАТО се дел од клучните теми на вонредниот самит на лидерите на „Процесот Брдо – Бриони“ што денеска се одржува во Загреб, а на кој учествува и македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
Предвидено е претседателот Иванов да има обраќање на пленарниот состанок насловен: „Дијалогот ЈИЕ – ЕУ – САД“, да учествува на работниот ручек на земјите членки на „Процесот Брдо – Бриони“, како и да оствари повеќе средби со учесниците на самитот.
На самитот, покрај претседателот Иванов ќе учествува и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, потпретседателот на САД Џо Бајден, претседателот на Австрија Хајнц Фишер, претседателката на Хрватска Колинда Грабар – Китаровиќ, претседателите на Словенија Борут Пахор, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Србија Томислав Николиќ, на Албанија Бујар Нишани, на Република Косово Атифете Јахјага, како и тројцата претседавачи со Претседателството на Босна и Херцеговина Младен Иваниќ, Бакир Изетбеговиќ и Драган Човиќ.
Ново на Сител
-

На ГП „Блато" приведен државјанин на Албанија, баран со меѓународна потерница
-

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување
-

Мицкоски и Пленковиќ потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји
-

Мурињо се согласи на двегодишен договор со Реал, услов е Перез да биде реизбран
-

Бензините и екстра-лесното поскапуваат за 0,5 денари, цената на дизелот останува иста
-

Претстои нестабилно време со пороен дожд и засилен ветер, преодно стабилизирање од петок
-

Трагедија кај Кочани: Млад мотоциклист загина во сообраќајна несреќа
-

Авганистанец силувал 11 годишно девојче во училиште за посебни потребни во Кобленц
