Иванов на Самит на Процесот за соработка во ЈИЕ во Софија
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Република Бугарија, по повод учеството на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.
Македонскиот претседател денеска во Софија ќе има средба со претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев, а во текот на утрешниот ден и со бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Претседателот Иванов утре во Софија ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, што се одржува во рамки на бугарското претседателство со оваа регионална иницијатива.
На самитот, покрај домаќинот, претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев, најавено е учеството и на претседателите на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Албанија Бујар Нишани, на Косово Хашим Тачи, на Молдавија Николае Тимофти, претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ, премиерот на Романија Дацијан Циолош, заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Словенија Карл Ерјавец, генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер и на генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ.
Ново на Сител
-
МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство - „Жолто копче“
-
Се постапува за утврдување случаи со дивоградби, вели Тошковски
-
Почната постапка за промена на повеќе закони за ставање во функција на системот „Безбеден град“
-
Руски напади со дронови врз повеќе места во Украина, Киев гаѓаше цели во јужна Русија
-
Трамп го потпиша „Големиот прекрасен закон“
-
Тошковски: Секој кој се осмелил да краде од народот ќе се соочи со одговорност
-
Додик сослушан во Обвинителството на БиХ во Сараево, притворот му е укинат
-
Мицкоски: Расте македонскиот извоз, повеќе пари за граѓаните