Иванов на дебата за мигрантската криза и Западен Балкан на форумот Кран Монатана

Мигрантската криза е во фокусот на денешна сесија на дводневниот форум Кран Монтана во Женева, на кој како специјален гостин учествува претседателот Ѓорге Иванов, кој ќе се обрати на тема „Западниот Балкан како нова рута на мигрантите кон Западот“.
На оваа специјална сесија на форумот, јави известувачот на МИА од Женева, обраќања се очекува да имаат и црногорскиот претседател Филип Вујановиќ и градоначалниците на италијанските градови Лампедуза и Палермо, Џузи Николини и Леолука Орландо. Николини и Орландо се очекува да одговорат на прашањето дали денешната мигрантска криза претставува сериозна закана за Европа и за регионот и покрај хуманитарните трагедии и дали фокусот се става на вистинските проблеми. Најавени се и други сегашни и поранешни високи претставници од земјите од балканскиот регион, ОН и други организации.
Во рамки на посетата на Швајцарија, претседателот Иванов ќе има средба и со високиот комесар за човекови права на ОН Зеид Ра’ад Ал Хусеин.
Вчера Иванов имаше обраќање на отворањето на форумот Кран Монтана посветено на Глобалните закани за безбедноста и тероризам, меѓународната и регионалната соработка и превенција од конфликти, како и одговорот на прашањето за заканите врз меѓународниот бизнис. Имаше средба и со генералниот директор на Обединетите нации во Женева, Мајкл Милер, а ја посети и Школата за дипломатија и меѓународни односи во Женева.
Ново на Сител
-

Направен 1,1 километар од патот Отовица-Сојаклари, во близина на велешко езеро „Младост“
-

СЗО: До 2030 година светот ќе се соочи со глобален недостиг на медицински работници
-

Ѓорѓиевски: По три децении лажни ветувања, денес Горно Оризари, конечно, добива достојни услови за живеење
-

Дедо го истепал внукот во Крива Паланка, потоа бил нападнат од сопствениот син
-

Мајка во банка во Центар агресивно се однесувала кон својата 22-годишна ќерка
-

67-годишен охриѓанец починал на лице место откако паднал со мопед
-

Нова вонредна дератизација во понеделник во општина Центар
-

Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за случајот „Државна Лотарија“
