Иванов: Историјата и времето ќе каже кој стои зад сето ова што Македонија не може да го добие она што го заслужува
Историјата и времето ќе каже кој стои зад сето ова што Македонија не може да го добие она што го заслужува. Не сакам јас да обвинувам ниту да покажувам прст. Затоа кажав во моето обраќање, некој не сака Македонија да успее, некој им помага на тие што не сакаат Македонија да успее, истакна претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во заедничкото интервју со главните уредници на повеќе телевизии.
Посочи дека кризите кои перманентно се јавуваат се последица од таа фрустрираност што стоиме во место. - Некој ни ставил олово на нозе да не полетаме, да не бидеме земја која знае и покажа дека може во услови на најголема економска криза да постигнува економски резултати, да привлекува странски инвестиции, да го подобрува животот на граѓаните, да овозможува успех и просперитет на поединци, рече Иванов.
Во врска со синоќешното палење на народната канцеларија, рече дека таа не е негова лична канцеларија, туку канцеларија на граѓаните.
- Илјадници луѓе добија помош и поддршка преку таа канцеларија, илјадници млади лица се промовираат преку таа канцеларија. Не сакам да се мешам во судството, но тие лица не би требало да се осудуваат, но треба да ја платат штетата, рече Иванов.
Според него, хулигани секаде имало и ќе ги има, лесно се заведува толпа, но после тешко се контролира.
Иванов во интервјуто рече дека странските и нашите служби го известиле за реална закана за двајца лидери на партии. - Имаше и изјави од одреден политичар за заканите што ги добивале во овој период. Не можам во тоа да навлегувам. Но, фактот стои дека има закани. Дваесет и први век е денес, треба да се убиваме со идеи, со концепти, со визија. Реални се заканите, не можам да ги кажам имињата, службите ги знаат, истакна Иванов.
Посочи дека Македонија ја има поддршката и помошта од сите земји кои и мислат добро.
Според него, пред избори мора да се создаде состојба без притисоци, без уцени, оценката на изборите да биде чиста, да може државата повторно да се доведе во нормален колосек. - Тоа е тој виш интерес од кој поаѓам и преземам нешто со кое и партиите не се согласуваат. Но, овој момент настојував да бидам над нив. Тие се незадоволни, можеби ќе го искажуваат и незадоволството и на поинаков начин, но поаѓав од државниот интерес, од иднината на Македонија, истакна претседателот Ѓорге Иванов.
Ново на Сител
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември
-
Тема на денот со Благој Бочварски, СДСМ
-
Први пратенички прашања за Мицкоски, Филипче му побара оставка
-
Реакции по извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
-
Екс министерката Костадиновска заработи кривична пријава за Универзална
-
Се уште нема никаква одговорност за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце
-
АХВ: Потврден случај на птичји грип кај угината гуска во Злокуќани
-
Побарано да се забрани внес на нови животни во скопската зоолошка