Иванов и порачал на Могерини: ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор

Претседателот Ѓорге Иванов на денешната средба со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини го повторил својот став дека ги поддржува евроатланските интеграции на Македонија, но дека „ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, одошто се затвораат“.
Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, порачал дека „стратешките цели не смеат да се злоупотребуваат на сметка на националните интереси и интересите на македонскиот народ“.
- Мојот став е непроменет. Стратешка цел на Република Македонија е членство во Европската унија и во НАТО. Но, ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, одошто се затвораат, рекол Иванов на средбата со Могерини.
Ново на Сител
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
