-->
-->
Иванов: Да почнеме процес на меѓусебно помирување
-->
Повик за меѓусебно помирување упати денеска претседателот Ѓорге Иванов во интервју со уредниците на националните телевизии.
- Ги повикувам партиите и сите луѓе со добра намера, сите луѓе кои добиле статус во ова општество, да помогнат за помирувањето. Ги прифаќам сите иницијативи, да почне еден процес меѓусебно да се помириме. Прво Македонци со Македонци, а потоа сето она што досега не сме го оствариле Македонци со Албанци, со Турци, Власи, Роми. Немаме друга алтернатива освен да живееме. Нашите предци кога немале држава создале обичај и навики чие практикување довело Македонија да биде пример за мултинационален и мултирелигиски живот. Тоа е нашето богатство, тоа е нашиот капитал, рече претседателот Иванов.
Само успешните луѓе, потенцираше Иванов, можат да го извадат општеството од криза.
- Сите општества што се фокусирале на успешните успеваат. Затоа, изборите се можност граѓаните да ги наградат успешните, а да ги казнат неуспешните, да ги казнат сите оние што довеле до тоа да се создава ваква претстава за Македонија во светот и направиле злодела или криминали, или корупција, за кој морало и меѓународната заедница да се ангажира и да ни помогне да расчистиме со тоа. Но тоа не смее сега да се злоупотребува, пред избори. Да завршат изборите, ни претстои долг период на прочитување, период кога секој од нас ќе ги сфати своите погрешни активности и одлуки и ќе најде начин тоа да го поправи. Ова е голем испит, не за државата, туку за сите нас што живееме во Македонија, рече Иванов во денешното интервју.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите