Иванов: Борисов зазема страна, што не придонесува за конструктивност и соработка
Бугарија треба да бара интензивни контакти и дијалог не само со Владата на Република Македонија туку со сите останати институции како со Претседателот, така и со Народното Собрание и со опозицијата. Тоа е начинот навистина да имаме конструктивни, добрососедски и пријателски односи, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, прашан како го коментира откажувањето на средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов од страна на бугарскиот премиер Бојко Борисов.
- Мислам дека кога повикуваш други да водат дијалог самиот не треба да бегаш од него. Се надевам дека нашите приоритети за Западен Балкан нема да се сведат само на прегрнувањата. Треба да докажеме лидерство и одговорност во тешки моменти, изјави бугарскиот претседател Румен Радев на заедничката прес-конференција со претседателот Иванов.
Претседателот Иванов постапката на Борисов ја оцени како заземање на страна, што не придонесува за конструктивност и соработка.
- Тоа е негова одлука и негова е одговорноста. Затоа што тој не е само премиер на Бугарија, туку и на земја која претседава со ЕУ. Европската Унија секаде промовира дијалог, конструктивност, отвореност и соработка така што со тој негов гест само зазема страна и не го остварува тоа што е и цел на членување и претседавање со ЕУ, изјави Иванов.
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска престојува во официјална посета на Република Бугарија.
Ново на Сител
-
МААЕ: Во израелските напади се погодени два ирански погони за производство на центрифуги
-
И „Барбиките“ добиваат вештачка интелигенција
-
МЗ ќе раководи со процесите за тоа какви донации се потребни за семејствата на настраданите и за повредените во Кочани
-
Кривична пријава за узурпација на јавен простор против угостители во Кочани поднесе в.д. градоначалникот Крстевски
-
Фити: За цените на прехранбените производи да се делува со индиректни мерки, конфликтот меѓу Иран и Израел ќе има импликации ако продолжи
-
Уапсен 32-годишен штипјанец, возел со 3,16 промили алкохол во крвта
-
Бранителот на Велибор Манев бара ослободителна пресуда за убиствата, а осудителна за грабнувањата на Вања и Панче
-
Цените на нафтата близу петмесечниот максимум поради тензиите на Блискиот Исток