Иванов - Алијев: Подготвеност за поголема економска соработка меѓу Македонија и Азербејџан

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска во Баку, оствари средба со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алијев.
На средбата, како што соопшти кабинетот на Иванов, биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Азербејџан. Заедничка констатација на претседателите Иванов и Алијев била дека односите меѓу двете држави кои ги карактеризира пријателство, континуиран дијалог и разбирање е потребно да се прошират во конкретни области од заеднички интерес.
Во тој контекст македонскиот претседател изразил очекување за унапредување на економската соработка и зголемување на обемот на трговската размена меѓу двете земји, преку потенцијалните можности кои ги нуди Република Македонија за реализација на странски инвестиции.
Нашата држава, истакнал македонскиот претседател, стои на располагање за иницирање директни азербејџански инвестиции во македонското стопанство, преку гасоводни и енергетски проекти, проекти од областа на земјоделството и туризмот. За таа цел, нагласил претседателот Иванов, е потребно и интензивирање на контактите меѓу бизнис заедниците од двете држави.
Претседателот на Азербејџан ја прифатил поканата од претседателот Иванов за посета на Република Македонија, веднаш по надминувањето на политичката криза во земјава. Притоа го истакнал интересот за инвестирање во Република Македонија во проекти за гасификација на земјата и упати покана за приклучување на Македонија кон азербејџанските гасоводни проекти кон кои веќе се приклучени балканските држави.
На средбата биле разменети информации и за состојбите во регионот на Југоисточна Европа и во Каспискиот регион, како и за актуелностите во врска со мигрантската и бегалската криза, и е нагласена неопходноста за продолжување и интензивирање на соработката на безбедносен план, и за продолжување на соработката и меѓусебната поддршка на мултилатерален план.
Иванов го запознал Алијев и за предизвиците со кои се соочуваат македонските компании од фармацевтскиот сектор во соработката со Азербејџан, апелирајќи да се разгледаат можностите за нивно надминување.
Претседателот Иванов во Азербејџан учествува на 5.Глобален Баку Форум каде се обрати на претседателската сесија на тема „Иднината на меѓународните односи: моќ и интереси“. На глобалниот форум учествуваат над 100 актуелни и поранешни претседатели, премиери и министри, дипломати, голем број истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, универзитетски професори, како и претставници на Програмата за млади лидери на Глобалниот форум.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/ч
-

Јаневска: Неправилностите во работењето ќе значат одземање акредитации за високообразовни институции
-

Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена
-

Во земјотресите во Венецуела загинаа 4.118 луѓе
-

Заврши заложничката драма во Берлин
-

Утре продолжуваат преговорите помеѓу САД и Иран
-

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари
-

Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови
