Италијански археолози ја потврдија првата палеолитска станица во Овчеполието

Првата палеолитска станица на територијата на Македонија на локалитетите „Узун Мери“ кај светиниколското село Мустафино е потврдена и верификувана од експерти од Италија, објави денеска тимот на архелози од катедрата за археолофија на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“–Штип.
Универзитетскиот професор од Италија, Марта Авзарело, вели дека спроведените истражувања се фундаментален чекор за утврдување на динамиката на населување на палеолитскиот човек во овој дел на Европа.
- Досега недостасуваше неандерталскиот предок во овој регион, а со овој локалитет со сигурност утврдуваме дека во средниот палеолит постоел живот и на овие простори, што ни овозможува да креираме целосна слика за оваа култура во европски рамки, рече Авзарело на прес-конференција,
Според последните анализи, палеолитската населба се датира во геолошкиот период плеистоцен, односно, во временска рамка помеѓу 250.000 и 50.000 години пред нашата ера. Од пронајдените орудија се гледа целиот технолошки процес на нивната изработка. Археолошкиот тим сотавен од археолозите Трајче Нацев и Дарко Стојановски во иднина планираат да ги интензивира истражувањата.
Универзитетскиот професор и археолог Нацев вели дека во текот на септември ќе аплицираат со два проекта до Министерството за култура, бидејќи овој локалитет не треба да остане недоистражен.
- Нема веќе да биде сондажно, туку систематско археолошко истражување на веќе со сигурност можеме да кажеме, палеолитското наоѓалиште „Узун Мери“ кај селото Мустафионо, вели Нацев
За разлика од повеќето палеолитски наоѓалишта кои се лоцирани во пештери, „Узун мери“ е од отворен тип и затоа се именува како палолитска станица.
Ново на Сител
-

27-годишник возел „порше“ без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
-

Мицкоски: Ќе ги зголемиме минималните плати според законското решение
-

Приведен струмичанец поради измами со лажните лекари и сообраќајки, кај него пронајдени над 15.000 евра
-

УХМР: Утре променливо облачно со дожд, на повисоките места снег
-

Приведени шест возачи, управувале возила иако имаат мерка „забрана за управување моторно возило“
-

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година
-

Во угостителски објект во Скопје на подрачјето на Центар се точел алкохол на малолетници, приведено едно лице
-

10 возачи управувале возила без возачка дозвола, ќе им бидат поднесени кривични пријави
