Италијанската полиција заплени имот вреден над 1,6 милијарди евра

Италијанската полиција соопшти дека од пет припадници на едно семејство осомничено за врски со сицилијанската мафија Коза Ностра денеска запленила имот вреден повеќе од 1,6 милијарди евра, јави Танјуг.
Мафијата наводно им помогнала на тројцата браќа и двете сестри, опишани како „бизнисмени“ од област околу Палермо, да добијат договори за градежни работи кои се однесувале на јавните работи.
Во соопштението се наведува дека заплената на имотот е една од најголемите акции коиа се изведени во Палермо и додава дека дополнителни информации ќе соопшти на прес конференцијата подоцна во текот на денот, пренесуваат британските меидуми.
Сицилијанската Коза Ностра, заедно со калабриската Ндрангета и Камора од Неапол, долго беа „рак рана“ за официјален Рим, за во последните неколку години овие кримимални групи да ги прошират своите активности од југот кон северните италијански градови, паралелно со длабоко вкоренената корупција која, со рецесијата, цвета во земјата, пренесуваат британските медиуми.
Ново на Сител
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Македонија регистрирани 26 случаи на западно-нилска треска
-

Зголемен интерес за упис на УГД-Штип
-

Младите од Прилеп бараат отворање на Младински културен центар, како и повеќе културни и спортски настани
-

Охрид 19 дена во знакот на водените спортови
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
