Свет
3. September 2017 - 9:15

Италијанската полиција заплени 2,3 тони марихуана шверцувана од Албанија

Италијанската полиција запленила рекордна количина од  2,3 тони мархуана шверцувана од Албанија.

Акцијата била спроведена во Сан Бенедето дел Тронто при што уапсени се 63-годишен италијански и 24-годишен албански државјанин.

Според полцијата тоа е најголема колична на дрога запленета во оваа зона. 

Полицијата,освен моторен чамец запленила и камион на кој требало да биде натоварена дрогата,како и 25 пластични боци полни со гориво.

Албанската полиција, пак,во изминатите два дена во неколку одделени акции заплени над 1,6 тони марихуана.