Италијанецот Лука заробен во соба со мртвата сестра која починала од корона

Лука на Фејсбук се снимаше во живо како стои покрај креветот каде лежи неговата мртва сестра. Лука тврди дека починала од вирусот и дека има само 47 години.
На социјалните мрежи со молскавична брзина се споделува видеото на кое се гледа како Лука Ф., италијански државјанин, моли некој да му помогне зошто е заробен во стан со сестрата, која пред 24 часа починала од коронавирус.
Лука на Фејсбук се снимаше во живо како стои покрај креветот каде лежи неговата мртва сестра. Лука тврди дека починала од вирусот и дека има само 47 години.
- Живееме близу Неапол, затворени сме во куќа, Тереза почина вчера – рече Лука на снимката која од неделата со молскавична брзина се споделува на социјалните мрежи.
Момчето вели дека не смее да ја напушти куќата зошто стравува дека се заразил со смртоносниот вирус додека и давал вештачко дишење за да ја оживее. Вели дека им се обратил на властите, ама дека се‘ уште никој не дошол.
- Чекам некој да појави уште од синоќа. Нема никого. Сестрата е тука, мртва. Не знам што да правам, зборува Лука директно во камера.
Лука повторно се огласи со нова снимка каде вели дека конечно дошле од погребалната служба и го презеле телото на неговата сестра. Рече дека обдукцијата потврдила дека Тереза починала од коронавирус, а и тој бил тестиран, но ги чека резултатите.
Властите потврдија дека го презел телото на покојната и дека навистина починала од коронавирус, а дополнително наведоа дека станува збор за жена која и претходно имала здравствени проблеми.
Ново на Сител
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
-

Лавров: За секоја акција постои реакција
-

Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат
-

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава
-

Расчистена тешка кражба во Гостивар - приведени три лица, пронајдени украдени пари и злато
-

Успешно завршени градежните активности за целосна демонтажа на стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје
