Италија се поблиску до избор на жена претседател
Италија вчера се приближи до избор на првата жена претседател на земјата, по пет неуспешни дена во неколку круга гласање, што ги натера партиските лидери да бараат компромисно решение.
Политички извори велат дека веројатен кандидат е Елизабета Белони, дипломат од кариера која ги предводи тајните служби, како и министерката за правда Марта Картабија.
– Работиме на тоа да имаме паметна жена претседател, изјави лидерот на десничарската партија Лига, Матео Салвини пред новинарите по состанокот со лидерите на двете главни лево-центристички сили, Демократската партија и Движењето пет ѕвезди.
Лидерот на Движењето пет ѕвезди, Џузепе Конте, истакна дека и тој сака жена да го замени актуелниот претседател Серџо Матарела, чиј седум годишен мандат истекува следната недела.
– Многу се радувам што и другите политички сили, исто така, покажуваат дека сакаат да се постигне договор за жена кандидат од највисоко ниво, напиша Конте на Твитер.
Во Италија, претседателот е влијателна фигура. Тој го назначува премиерот и често интервенира за да се решат политички кризи во третата по големина економија во еврозоната, каде владите преживуваат во просек една година.
За разлика од САД и Франција, каде што претседателот се избира директно, во Италија го избираат 1.009 парламентарци и претставници на регионалните власти со тајно гласање, кое политичките лидери често се обидуваат да го контролираат.
Ново на Сител
-

Обезбедени се 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи низ државата
-

Трамп: Иран ќе даде понуда насочена кон исполнување на барањата на САД
-

Без струја во одредени периоди од денот делови од општините Студеничани, Карпош и Центар
-

Арагчи пристигна во Исламабад за да разговара за предлозите за обновување на мирот со САД
-

Лавров: САД го враќаат светот во ера кога немаше ниту меѓународно право ниту систем на меѓународни односи
-

Во Србија во крајот на јуни најавени големи митинзи на владејачката СНС
-

Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 25 степени
-

Трамп ги испраќа Виткоф и Кушнер на преговори со Иран во Пакистан
