Италија протера Косовец и албанска брачна двојка поради радикален ислам

Косовски Албанец, кој со регулиран престој живеел во Италија од 2001 година, е протеран од страна на италијанските власти и му е забранет влез во земјата најмалку десет години, објави онлајн изданието на тиранскиот весник „Шекули“.
Како што јави дописникот на МИА, станува збор за Меваит Кокора (31), кој живеел во италијанскиот град Удине. Тој е протеран по налог на италијанското Министертво за внатрешни работи, бидејќи „ја прифатил џихадистичката идеологија и воспоставил врска со радикални елементи“.
- Под влијание на балканскиот фундаментализам, Кокора бил на обука во камп во Турција и се подготвувал да замине за Сирија, наведува „Шекули“.
Според истиот извор, под обвинение за „пропаганда во полза на ИД“, италијанската полиција ги протерала и Адријан и Јасмина Чолаку, брачна двојка од албанскиот град Каваја.
Сопружниците, според италијанската полиција, пропагадата во интерес на ИД ја вршеле преку интернет, но многу повеќе и на приватни собири.
- Адријан Чолаку (32) се смета за потенцијален опасен елемент, додека неговата сопруга Јасмина (23) имала многу малку контакти, но ставила бурка за да учествува на средбите на кои се пропагирал радикланиот ислам, наведува „Шекули“.
Ново на Сител
-

Грција го подига „Ахиловиот штит“: Милијарди евра за моќен воздушен одбранбен систем
-

Сончево и топло со умерена локална облачност, наместа нестабилно со пороен дожд
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
