Италија: Менеџерот благовремено предупредил за можна лавина во „Риџопиано“ хотелот

Бруно ди Томасо, менаџерот на италијанскиот хотел Риџопиано, што минатата недела го затрупа лавина, изјави дека благовремено пред несреќата испратил предупредување до надлежните со повик да бидат подготвени за евентуална интервенција, и дека гостите се вознемирени и не сакаат да останат во објектот.
Ди Томасо нaгласил дека пред лавината, во средата, испратил мeил до градоначалникот Фариндоле и шефот на полицијата во провинцијата Пескара со предупредување дека гостите се преплашени од незапирливите земјотреси.
- Се обидовме да ги смириме, но не се во можност да си заминат бидејќи патиштата се блокирани и поради тоа се подготвуваат да ја поминат ноќта во автомобилите, истакна Ди Томасо.
- Околу хотелот има два метри снег и во моментов се зафатени 12 соби, без оние на персоналот, пишува во споменатиот меил.
Предупредувањето на Ди Томасо го објавија италијанските медиуми, додека спасувачите ја продолжија истрагата за уште 23 исчезнати лица од „Риџопиано“ хотелот.
Имено, при лавината настрадаа најмалку шест лица.
Лавина тешка околу 120.000 тони удри во луксузен хотел со брзина од 100 километри на час.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
-

Семејните лекари во Македонија се уште со ограничени ингеренции
