Свет
4. November 2016 - 15:56

Италија денеска им одобри 11 милиони евра на погодените од земјотресот

Италијанската Влада денеска одобри дополнителни 11 милиони евра за помош на погодените од земјотресот, што во неделата силно го стресе централниот дел од земјата, пренесоа американските медиуми.

Разорниот земјотрес, најсилниот во последните 36 години, го погоди централниот дел на Италија и нанесе голема материјална штета.

Паричната помош е наменета за граѓаните кои живеат во привремените сместувачки капацитети, но и за обнова на културното наследство, што исто така, е оштетно.

Во овој последен земјотрес немаше човечки жртви, но материјалната штета е голема.