Истражување: Возрасните подобро се справуваат со кризата со коронавирусот
Од почетокот на кризата со коронавирусот, се тврди дека на возрасните лица ќе им биде најтешко за време на пандемијата, но студијата спроведена во Швајцарија ја побива оваа теорија.
На крајот на мај, Институтот за истражување Сотомо организираше кампања под мотото „Како си?“, во рамки на која беа анкетирани 10.000 луѓе од германското говорно подрачје на Швајцарија за тоа како да се справуваат со пандемијата. Резултатите се објавени во „Тагес Анцајгер“.
Според истражувањето, 59 отсто од луѓето на возраст над 65 години велат дека кризата не влијаела врз нив ниту позитивно ниту негативно. Во оваа група се зголемило чувството на благодарност и задоволство – за време на кризата многу луѓе сфатија колку се привилегирани граѓаните на Швајцарија.
За разлика од нив, во возрасната група од 14-24 години, само 40 отсто од испитаниците дале позитивна проценка поврзана со кризата. Меѓу овие луѓе се зголеми чувството на благодарност, но и на стресот и напнатоста.
Според експертите, од оние кои биле вклучени во студијата, младите луѓе биле најмногу потресени од кризата. Кај возрасните, обратно. Објаснувањето е дека повозрасната генерација, која ги преживеа војните и повоените години, доживеала повеќе вонредни состојби и има повеќе искуство во овој поглед.
Ново на Сител
-
Мицкоски утре до Собранието ќе го поднесе составот на новата Влада - Гласање викендов
-
Од први септември градежните компании ќе работат по европски стандарди - Ќе поскапат ли становите?
-
Младите со акција за заштита на Охридското Езеро од отпад
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија