Истражување: Секоја шеста вест од насловните страници на дневните весници во Србија е лажна
На насловните страници на српските дневни весници речиси секој шести наслов објавен во 2020 година беше лажна вест, се вели во студијата под наслов „Надворешно политички последици од Ковид-19 кризата врз Србија“, спроведена од Советот за стратешка политика со поддршка американската амбасада.
Целта на истражувањето беше да се анализира начинот на кој во текот на минатата година на насловните страници на домашниот печат од една страна беа претставени западните партнери на Србија (САД, ЕУ и НАТО), а од друга Кина и Русија.
Анализата опфати 2.673 насловни страници на пет дневни весници (Вечерње новости, Данас, Блиц, Курир, Политика, Информер, Ало и Српски телеграф) од 1 јануари до 31 декември 2020 година.
Од вкупно 2.673 главни теми, лажните вести сочинуваат 16,8 проценти.
Најмногу лажни вести на насловните страници на српскиот печат се објавени за Западот и НАТО, а најмалку за ЕУ и Кина.
Од вкупно 463 наслови што беа посветени на САД на насловните страници минатата година, 28,7 проценти беа лажни вести. Повеќе од половина – 51,1 процент од вестите за САД имаа неутрална конотација, 29,3 проценти имаа позитивна конотација, додека најнискиот процент на наслови имаше негативна конотација – 19,6 проценти.
Речиси половина од насловите за САД – 46,9 проценти – беа сензационалистички.
Во текот на 2020 година, Руската Федерација се најде на насловните страници на дневниот печат во Србија вкупно 209 пати. Во две третини од случаите за Русија се известуваше позитивно – 66 проценти од насловите, а 8,1 процент беа негативни наслови. Лажните вести сочинуваат 24,4 проценти од вкупниот број наслови поврзани со Русија, а елементи на сензационализам се забележани во 48,3 проценти од вестите.
Минатата година 200 текстови беа посветени на ЕУ на првите страници на српскиот печат, а секоја петта вест (20 отсто) беше лажна.
Во повеќето случаи, за ЕУ се известуваше неутрално – 47 проценти од вкупниот број наслови, 36,5 проценти беа вести со негативна конотација, а 16,5 проценти од насловите имаа позитивна конотација. Елементи на сензационализам имаа 30 отсто од вестите за ЕУ.
На Кина беа посветени 102 вести, од кои 21,6 проценти лажни, а 45 проценти сензационалистички. Најголемиот број наслови имаа позитивна конотација за Кина – 61,8 проценти, додека само 6,8 проценти од насловите за Кина имаа негативна конотација.
Покрај анализата на насловните страници на дневниот печат, вториот дел од истражувањето се однесува на ставовите на студентите на Факултетот за политички науки на теми поврзани со надворешната политика на Србија за време на пандемијата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест