Истражување: Пушењето влијае на здравјето и до 25 години по откажувањето

Научници од Јужна Кореја анализирале податоци на околу 5,4 милиони поранешни и сегашни пушачи и непушачи и откриле дека, понекогаш, може да бидат потребни и до 25 години за повторно да се намали опасноста од срцеви заболувања, откако едно лице ќе се откаже од цигарите. Наодите се објавени во списанието „Јама нетворк опен“ (Jama Network Open).
Јужнокорејскиот истражувачки тим предводен од Џун Хван-чо проучувале податоци од Корејската национална служба за здравствено осигурување. По речиси 15 години следење, истражувањето открива дека сегашните пушачи имаат најлоши последици. Пушењето и опасноста од кардиоваскуларни болести, како што пренесува списанието „Сити магазин“ (City Magazine), зависат од бројот на испушени цигари, без оглед на откажувањето од пушењето – вели заклучокот на научниците.
Кај сите поранешни пушачи, откажувањето од пушење било поврзано со значително намалување на опасностите. Сепак, ова зависи и од кумулативната изложеност на чад и повеќе години по откажувањето. Во споредба со сегашните пушачи, луѓето кои пушеле помалку, имале помала можност за појава на болести околу срцето во првите пет до 10 години по откажувањето.
– Ако дозата на чад кај луѓето кои почнуваат да пушат не надминува одреден праг или тн. „точка од каде што нема враќање“, тие можат да очекуваат рано подобрување на здравјето ако престанат да пушат. Пушењето во траење од осум години е означено како „точка од којашто нема враќање“. Затоа, откажувањето од пушењето пред да осумгодишно континуирано пушење може да има значителни придобивки за јавното здравје, вели Џун.
Ново на Сител
-

Евтината струја преку ден останува како досега од 13 до 15 часот, ако се продолжи ќе се скрати ноќната
-

Тема на денот со Адем Чучуљ, претседател на ДКСК
-

Пакетот законски измени неопходни за Safe City испратени до Собранието
-

СДСМ со антикорупциски тим на партијата ќе ги открива скандалите на ВМРО- ДПМНЕ
-

Груевски и Заев се скараа преку социјалните мрежи
-

Избори на пролет или во 2028-ма?
-

Радев: Впишувањето на Бугарите во Уставот на Македонија ќе го забрза нејзиниот пат кон ЕУ
-

Раст на економијата од 3,8% во 3 квартал регистрира статистиката
