Истражување: На детето не му требаат полни соби со играчки
Родителите кои имаат мали деца, веројатно, имаат и полни соби со играчки - кадифени, пластични, полнети со памук, со магнетни плочки, кукли, автомобилчиња, блокови за цртање... Сепак, според стручњаците, на децата им требаат помалку играчки отколку што мислиме.
Имено, ново истражување покажува дека на едно дете му требаат само четири забавни предмети.
Терапевтката д-р Алексија Мец го водела истражувачкиот труд на својот Универзитет на Толедо, Охајо, САД, во 2017 година, за деца со возраст меѓу 18 и 30 месеци. Имено, малечките биле сместени во соба со предмети - соодветни за возраста. Тука, еден дел од просторијата бил наречен „седи и играј“, а друг дел бил катче за редење играчки.
Децата во истражувачките групи имале 16 играчки сместени. Во една „игра“ (предвидена како задача во испитувањата), тие ги земале и спуштале играчките брзо едноподруго во стандардизиран временски период.
-Таа вежба е толку брза што тие немаат време да седнат и да ги истражат сите работи што може да ги направи една играчка пред да мора да преминат на следната. Меѓутоа, кога малите деца ќе влезеа во собата со само четири играчки, тие одат и ги разгледуваат сите. Потоа имаат време да се вратат на секоја играчка. Така, ќе седеа и играа со неа двојно подолго, а и правеа многу повеќе работи со тој предмет, објаснува Мец.
Колку што децата подолго си играат со помалку играчки, се вели, така се подобрува и квалитетот на детската игра.
Совет: Ротирачките играчки, во таа смисла, можат да помогнат, како и размената на играчки со други деца.
-Го немаше тоа примамливо чувство да мора да проверат нешто друго. Децата знаеја дека нема да пропуштат ништо ако седнат уште една минута да си поиграат со играчката и да видат што може да направи, вели терапевтката.
Мец предупредува дека нејзиното истражување, иако широко прифатено и цитирано, можеби нема совршено да одговара во просечен дом (којшто веројатно има поширок избор на популарни играчки, наместо класичните предмети користани во итражувањето), но секако има лекции што родителите можат да ги научат.
Таа, имено, вели дека не е важен бројот на играчки што ги има малото дете, туку важен е бројот на играчки коишто му се достапни во секој миг.
Ново на Сител
-
ОЈО почна истрага за членот на „Десна“ кој се ослободил од пиштолот со кој Палчо пукал
-
Кумановец возел со 2,37 промили алкохол во крвта па удрил во паркирано возило
-
Уапсени двајца возачи, едниот возел со 1,90 промили алкохол, другиот со 1,60 промили алкохол во крвта
-
Јаневска: Воведување на вештачката интелигенција е следен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем
-
Приведена бегалка од затвор, вратена е во КПУ Идризово
-
МЗ: Комисијата не најде грешка во работењето на Болница во Кавадарци во врска со починатото дете
-
Кривична пријава против правно лице, во ceф соба биле пронајдени 382 кутии со марихуана
-
Баерн и Фламенго први осминафиналисти на Светското клупско првенство