Истражување: Доколку нема нови засилени мерки во САД до декември ќе има уште 134.000 мртви од Ковид-19
До декември уште 134.000 лица во САД би можеле да умрат од последици на Ковид-19, доколку не се воведат дополнителни мерки за превенција, додека актуелната состојба со пандемијата значително би се влошила доколку се олеснат мерките што во моментов се во сила, се наведува во истражувањето на Институтот за здравствена проценка на Универзитетот во Вашингтон (IHME).
Директорот на институтот Крис Мари за Си-Ен-Ен изјави дека околу 70.000 животи би можеле да бидат спасени во САД доколку Американците носат повеќе заштитни маски.
-Тоа навистина зависи од тоа што прават нашите лидери, и како лидери и како индивидуалци, и од тоа што прават нашите влади, рече Мари.
Си-Ен-Ен јавува дека од почетокот на пандемијата со коронавирусот во САД се пријавени најмалку 176. 000 смртни случаи, евиденирани од Универзитетот Џон Хопкинс.
Според предвидувањата на IHME, освен ако не се случи промена во начинот на кој американските власти се борат со пандемијата, бројот на загинати и во текот на есента ќе продолжи да расте и до 1 декември ќе достигне околу 310.000 смртни случаи.
Според Мери, оваа бројка би можела да се намали за околу 70.000 доколку многу поголем број Американци носат заштитни маски. За таков резултат, додаде тој, неопходно е околу 95 отсто од американското население да носи маски.
Мари вели дека до почетокот на декември дневниот број на жртви во САД може да достигне 6.000 доколку американските сојузни власти попуштат со мерките против коронавирусот.
Ново на Сител
-
Трамп го предупреди Израел дека го крши примирјето
-
Пронајден починат 32-годишник од Скопје во стан на подрачјето на Карпош
-
Една девојка потешко и друга полесно поведена откако возило излетало од патот Кавадарци - Неготино
-
Стоилковиќ: Меѓуетничките односи се стабилни
-
Јаневска: По една година имаме видливи резултати во образованието, ќе станат јасно видливи на крајот на мандатот на оваа Влада
-
До петок многу топло со температури и над 40 степени
-
Нов случај на семејно насилство во Кавадарци
-
Одбележан Денот на јавните службеници – Мицкоски со порака дека државниот службеник претставува огледало на државата