Истражување: Девет од десет жени во Брисел се жртви на сексуално вознемирување

Речиси девет од десет жени во Брисел доживеале некаков вид на сексуално вознемирување, покажува истражувањето на Универзитетот во Гент.
Според тоа истражување, 88 отсто од испитаничките доживеале сексуално вознемирување низ улиците на Брисел, а половина од нив тврдат дека се соочиле и со физичко насилство.
Секоја трета жена и понатаму се бори со последици од вознемирувања или напади.
- Нема доволно почит кон жените. Доколку на улиците тие се сексуално навредувани, тогаш тоа не е мало злосторство, изјави белгиската државна секретарка Бјанка Дебетс, која побарала ова истражување да биде спроведено.
Таа учествувала во кампања за охрабрување на жените да пријават во полиција такви случаи, а сега планира во март да воведе апликација „Рацете настрана, Брисел“, слична на онаа која веќе постои во Франција.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
-

ОТА: Во 2025 прислушувани 259 комуникации, најголем број по барање на МВР
-

Идните амбасадори во Украина, Данска и Албанија ги презентираа приоритетите пред пратениците
