-->
-->
Истражување: 51 отсто од младите се сметаат за религиозни, за 42 отсто државата ги почитува религиозните права и слободи
-->

Четириесет и два отсто од младите целосно се согласуваат дека државата во целост ги почитува религиозните права и слободи на граѓаните, а 36 отсто донекаде се согласуваат со ова тврдење.
Ова, како што соопшти Институтот за политички истражувања – Скопје, го покажуваат резултатите од истражувањето насловено „Младинска религиска писменост“, спроведено во август на 1103 млади испитаници на возраст меѓу 18 и 35 години, на национално ниво по телефонски пат.
Од вкупниот број испитаници 23 отсто сметаат дека доколку се загрозени религиозните слободи и права, институциите за заштита на тие права реагираат навремено и соодветно, донекаде се согласиле 25 отсто, делумно не се согласиле 21 отсто, додека воопшто не се согласиле 15 отсто од нив.
Според 48 отсто од испитаниците, институциите реагираат доколку се загрозени религиозните слободи, а 36 отсто сметале дека институциите не реагираат соодветно кога се загрозени религиозните права и слободи.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека 51 отсто од испитаниците се изјасниле дека се сметаат за религиозни, додека дополнителни 34 отсто се изјасниле дека сметаат дека се донекаде религиозни, што вкупно претставува 85 отсто од сите млади граѓани меѓу 18 и 35 години.
Истражувањето го спровеле проф. д-р Тања Каракамишева Јовановска, проф. д-р Александар Спасеновски и проф. д-р Владимир Божиновски во соработка со Институтот за политички истражувања – Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта
-

Трамп: Иранското раководство е неверојатно лицемерно
-

Зголемена фреквенција на патиштата, најдолго чекање на Табановце и Богородица
-

ЦУК: Активни пет пожари низ државата, десет се изгаснати
-

Четворица осомничени за пукање на свадба во Добри Дол, Обвинителството бара притвор
-

Во гаснењето на пожарот кај Кавадарци ангажирани авиони, хеликоптери и механизација
-

Либан тврди дека израелската армија повторно употребила фосфорни бомби
-

Гаши од Каиро: Борбата против дискриминацијата е заштита на човечкото достоинство
