Истрага за пропустите при носењето на одлуката за државјанството на Онишченко
– Се спроведува истрага за да се констатираат пропустите при носењето на одлуката за давање државјанство на Олесандр Онишченко, изјави денеска портпаролот на Владата Мухамед Хоџа.
-Како што веќе нагласив, Владата на својата последна седница која се одржа вчера донесе одлука за поништување на одлуката за прием на Онишченко во државјанство на РСМ и истовремено го задолжи МВР да постапи веднаш. Оттука дополнително сакаме да истакнеме дека во рамките на институциите се врши проверка односно истрага за да се констатираат пропустите при носење на таа одлука. Сакаме да нагласиме дека очекуваме во најкус можен рок истрагата да биде завршена и јавноста ќе биде благовремено информирана, рече Хоџа на прес-конференција на Владата.
Владата на вчерашната седница одлучи веднаш да се поништи македонското државјанство на Онишченко, кој е на црната листа на САД и се бара со потерница во Украина.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати