Истрага за насилство од 19-годишник во Кисела Вода
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник осомничен за кривично дело насилство.
Како што информира државното Јавно обвинителство, на 21 април, во 2 часот по полноќ, пред тобако-маркет во Кисела Вода, осомничениот заедно со уште неколку непознати лица извршил грубо насилство врз двајца оштетени, а кај 10-годишно дете кое било сведок на настанот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.
- Додека оштетените седеле пред маркетот, осомничениот со неколку непознати лица ги нападнале и започнале да ги удираат со тврди предмети – бекатонски плочки, нанесувајќи му тешки телесни повреди на едното и телесни повреди на другото нападнато лице, информира Обвинителството.
Со цел непречено водење на постапката, јавниот обвинител предложил на осомничениот да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во судот, привремено одземање патна исправа или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетените.
Ново на Сител
-
Поништено судењето за смртта на Марадона, процесот од почеток
-
Премиерот Мицкоски утре во Будимпешта ќе има средба со Орбан и ќе присуствува на СРАС конференцијата
-
Викендов авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Иванишевиќ нов тренер на Циципас
-
Милановиќ: Ниту една држава веќе нема да влезе во ЕУ, можеби само Црна Гора
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница
-
Миле Тодоров кој исчезна во јануари, виден кај планината Серта
-
Тепачка за имот во с.Кадино, се пресметале 83-годишник и 65-годишна жена