Истрага во Грција за флаерот кој ги поттикна бегалците на илегален влез во Македонија

Обвинителката од грчкиот Врховен суд Ефтерпи Коцамани му наложи на Јавното обвинителство во Солун да почне прелиминарна истрага за потеклото на флаерот што се делел меѓу бегалците и мигрантите во кампот во Идомени, со кој тии се повикуваат илегално да ја преминат границата со Македонија.
Според некои извори, како што јави дописникот на МИА од Атина, Коцамани побарала од обвинителите да ги пронајдат одговорните за печатење и дистрибуција на флаерот во кампот за бегалци на границата меѓу Грција и Македонија, што охрабри неколку стотици луѓе да се обидат да влезат во Македонија преку помалку обезбедени делови долж границата.
Флаерот, напишан на арапски, содржи инструкции, вклучувајќи и мапа и насоки за алтернативен пат по кој може да се премине границата.
Министерствата за правда и за цивилна заштита на Грција претходно испратија информации собрани од страна на грчката полиција во врска со потеклото на флаерот, во рамките на процедура со која требаше да се утврди дали е потребна прелиминарна судска истрага.
Коцамани побарала од солунските обвинители да испитаат дали има докази за формирање случај против лица одговорни за кривични дела поврзани со нелегално организирање влез, престој и социјална интеграција на државјани на трети земји во Грција, како и загрозување на со закон утврдените пријателски односи на Грција или на нејзините сојузници со странска држава или нивно ставање во ризик од одмазда.
Ново на Сител
-

Партиите со меѓусебни обвинувања – Кој ги брка младите од државата?
-

Сиљановска: Без финансии нема независно судство
-

Фестивалот „Браќа Манаки“ ќе почне на 19. септември
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски учествува на годишниот состанок на УО Центарот за извонредност во финансиите - ЦЕФ
-

Мицкоски: Граѓаните беа толерантни, сега е на ред тие да им се одолжат
-

Врховен суд на Македонија домаќин на XVI годишна конференција на врховни судови од Централна и Источна Европа
-

ШКЛ - од денес до 30-ти јули, Штип во знакот на културата
