Истрага против дилер на марихуана во Тетово
Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело - Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
При претрес во домот на осомничениот, во рамките на оперативна полициска акција, пронајдени се 126,95 грама марихуана во поделена во 85 зипер ќесички подготвени и наменети за натамошна недозволена продажба. Исто така, од осомничениот 37- годишен тетовец се одземени и парични средства во вкупен износ од 71.700 денари за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога.
Бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик дека осомничениот би можел да го повторува делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
Ново на Сител
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км
-
Во детското одмаралиште „Малешево“ две децении нема деца
-
Историската патека на Мис Стон станува дел од туристичката понуда во прекуграничниот регион
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани