Тенис
29. January 2016 - 16:45

Историски настап на браќата Мареј на АО

Британците Енди и Џејми Мареј се првите браќа-тенисери кои во историјата на Грен слем турнирите се пласирале во финале во поединечна и конкуренција на двојки. 

Енди Мареј ќе игра финале со Новак Ѓоковиќ во сингл а неговиот  брат финале во дубл. 
Енди го елиминира Раониќ во полуфиналето за своето 5-то финале додека Џејми заедно со Бразилецот Соарес ќе игра финале во дубл против Даниел Нестор од Канада и Радек Штепанек од  Чешка. 
Помладиот од браќата Мареј, Енди изјави дека родителите ќе им бидат горди бидејќи нема многу тенисери од Шкотска. 
Финалето во сингл се игра в недела во 9.30ч по средноевропско време.