Фудбал
11. October 2016 - 20:41

Историска шанса: Пласман на македонската У-21 репрезентација на ЕП во Полска

Со двата гола што беа постигнати во првото полувреме, младата македонска фудбалска репрезентација се пласираше на Европското првенство во Полска.

Натпреварот против Шкотска вечерва го решија Кире Марковски со голот во 18 минута, и Енис Барди во 22 минута.

Македонските репрезентативци имаа и шанса за трет гол но Давид Бабунски промаши пенал во 38 минута.

Во второто полувреме не беше постигнат ниту еден гол од двете страни, но имаше неколку жолти картони во двете репрезентации.

Пласманот на младите репрезентативци го овозможи поразот на Исланд од Украина.