Исправна водата за пиење во општина Зрновци
Водата за пиење од водоснабдителниот систем на Зрновци од кој се снабдуваат жителите на населените места Зрновци и Мородвис е хемиски и бактериолошки исправна за користење.
- Јавното претпријатие „Водна кула“ кое стопанисува со водоводот во овие две населени места редовно врши хлорирање и испитување на квалитетот на вода во Заводот за јавно здравје во Кочани. Анализите покажуваат дека водата е исправна за користење, изјави денеска градоначалникот Блаже Станков.
Водоснабдителниот систем на Зрновци, истакна Станков, располага со количини на вода од 24 литри во секунда, од кои 12 литри се за населнието од Зрновци, а четири литри за населението од Мородвис.
- Што се однесува до водоснабдувањето на населеното место Видовиште, жителите не се приклучени на нашиот водоснабдителен систем, туку имаат свој сопствен водовод, и со него стопанисува месната заедница. Загаденоста на системот со користење на водата од Видовишка Река доведува до неиспоравност на водата за пиење, која и според последните анализи на Заводот за јавно здравје од Кочани е хемиски и бактериолошки неисправна за пиење, прецизира Станков.
Најави дека општина Зрновци прави напори и водоснабдителниот систем на Видовипште да биде дел од општинскиот за кој ќе се грижи во целост општината.
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Незивисните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер