-->
-->
Исповед на таткото на Наташа: Не можеме да бидеме добро после ваква трагедија, нејзиното тело е цело модро
-->
Наташа Беквалац се опоравува во кругот на семејството во станот на Дедиње откако што ноќта меѓу петокот и саботата брутално ја претепа нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ. Таткото на Наташа, Драгољуб Беклвалац во сведоштвото вели дека нејзината ќерка има видливи траги од насилство и моментално семејството Беквалац не се чуствува добро.
- Не може човек да биде добро после ваква трагедија. Никој од нас не е добро. На телото на Наташа има висливи траги на насилство и моментално мислиме само за нејзино опоравување, раскажува Драгољуб беквалац.
Додава дека моментално сите се заедно, дека Наташа е постојано покрај ќерките Хана и Катија, и цело семејство се дружило да и помогнат барем емотивно, а физичкото опоравување ќе си дојде само по себе.
- Наташа е јавна личност и моментално е во центарот на вниманието поради овој инцидент така да ве молам да не разберете што уште не сака да разговара на оваа тема ниту медиумски да се експонира. меѓутоа, можам да ви кажам да се надеваме дека токму оваа несреќа која се случи на една јавна личност да ги разбуди надлежните. Ние сме правна држава, верувам во нашето законодавство и се надевам дека надлежните ќе изреагираат на адекватен начин бидејќи крајно време е да се стави крај на семејното насилство - потресно зборува таткото на Наташа.
Според неговите зборови, луѓето мораат да сфатат дека насилството во семејството не го погодува само обичниот свет, туку дека тоа е проблем од широки размери на што мора да му се застане на патот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп го прекина интервјуто за Ен-би-си, ги нарече медиумите „расипани“
-

Во Скопје во еден ден пронајдени тројца починати мажи
-

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, пет биле без возачка дозвола
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
-

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“
-

Кривична за 29-годишен дебранец кој возел без возачка, пијан и ги нападнал полицајците
-

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
