Свет
19. March 2019 - 11:58

Исламската држава испрати ужасна порака: Се подготвува крвопролевање, повикаа на одмазда за масакрот на муслиманите во Нов Зеланд

Водачот на терористичката организација Исламска држава ги повика екстремистите и своите следбеници да се „одмаздат“ по пукањето во џамиите на Нов Зеланд.

Еден од водачите на терористите Абу Хасан ал-Мухајир, наводно објавил повик до следбениците во 44-минутна аудио снимка.

Ал-Мухајир го прекина шестмесечното молчење за да повика на одмазда.

„Сцените од масакрот во две џамии би требало да ги разбудат оние кои биле измамени и би требало да ги поттикне приврзаниците на калифатот да ја одмаздат својата религија“, рече тој.