-->
-->
Исламофобијата го потхранува тероризмот, оцени генералниот секретар на ОН
-->

Исламофобијата, изразена во некои делови на светот, го разгорува тероризмот, изјави денеска генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.
- Една од работите што распалува тероризам е изразувањето во некои делови од светот на исламофобски расположенија и политики, истакна Гутериш, кој е во посета на Саудиска Арабија, посветена на регионалните конфликти.
Тој даде изјава за новинарите во Ријад на заедничката прес-конференција со саудискиот министер за надворешни работи Адел ал Џубејир.
- Тоа е најдобар аргумент кој може да го користи Исламска држава за спроведување на сопствената пропаганда, додаде генералниот секретар на ОН.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со 64 гласа Собранието го усвои ребалансот на буџетот
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ
-

Гостиварци може да ја користат водата како техничка, но не и за пиење
-

Непочитувањето на мерките може да ја продолжи епидемијата во Гостивар
-

Поскапуваат бензините, дизелот и парното греење
-

Дополнетиот ребаланс на буџетот на пленарна седница
-

Шпанскиот државен секретар за ЕУ во посета на Македонија – интеграциите и односите со Бугарија во фокус на разговорите
-

Без дозвола и без регистрација – малолетници дивеат во сообраќајот
