ОН: Исклучувањето на жените од мировни преговори носи ризик од повеќе судири
– Зголемените воени трошоци и екстремната маргинализација и исклучување на жените од мировните преговори доведуваат до ризик за обнова на конфликтот наместо промовирање мир и стабилност, предупреди Сима Бахус, директорка на Агенцијата на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените.
Таа синоќа пред Советот за безбедност на ОН рече дека ограничувањето на воените трошоци е стратешка цел на женското мировно движење со децении, но дека дури и во 2020 година, кога пандемијата на Ковид-19 беснееше и светската економија се намали, воените трошоци низ целиот свет се зголеми за 2,6 отсто на речиси 2.000 милијарди долари.
– Доказите јасно покажуваат дека високите нивоа на воени трошоци во постконфликтно опкружување го зголемуваат ризикот од продолжување на конфликт. Тоа исто така покажува дека вложување во родова рамноправност има висок поврат со „мировна дивиденда“ а сепак ние протолжуваме да трошиме пари и премалку да вложуваме во други, додаде Бахус.
Таа рече дека резолуцијата усвоена од Советот за безбедност пред 21 година, а која бара еднакво учество на жените во мировните процеси, е само „симболична светлина“.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш исто така, го критикуваше отсуството на жени во просториите за донесување одлуки и рече дека повеќе не можеме да исклучиме половина од човештвото од меѓународниот мир и безбедност.
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
